📽️(ОБНОВЕНО) НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Автобус и две возила удриле во крави
Возилото „хјундаи“ со скопски таблички и автобусот со тетовски таблички удриле во стадо крави.
Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – Тетово е нормализиран, соопштија од АМСМ. Неколку часа сообраќајот беше пренасочен по стариот пат поради сообраќајна несреќа која се случила попладнево околу 18:30 часот.
Патничко моторно возило „хонда“ со скопски таблички, автобус со тетовски таблички и патничко моторно возило „хундаи“ со скопски таблички, удриле во крави, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи.
ТВ21 објави снимка од местото на несреќата.