(ОБНОВЕНО) ГРАЃАНИ БЕА СПРЕЧЕНИ ДА ЈА ОБНОВАТ ЦРКВАТА „СВЕТА ПЕТКА“ ВО ВРАПЧИШТЕ Барале да се сретнат со градоначалникот, а полицијата уапсила двајца

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера, постапувајќи по претходна пријава од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направен е увид на месноста наречена „топли извори“ (меѓу селата Топлица и Врапчиште) на локацијата на црквата „Света Петка“ каде што, според пријавата, се изведувале незаконски градежни работи на црквата.

725

По обидот на десетина граѓани да се сретнат со општинските власти во Врапчиште и да добијат објаснување околу прекинот на работите на уредувањето на дворот околу црквата „Св. Петка“, полицијата презела мерки и привела две лица. По извршениот разговор во полициската станица, еден од приведените објави фотографија дека околу 20.30 часот е пуштен на слобода.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, информираше дека денеска околу 18 часот во просториите на Општина Врапчиште, каде што била присутна поголема група граѓани, две лица се приведени.






– Тие се приведени бидејќи не почитувале наредба од овластено службено лице и агресивно се однесувале кон полициски службеници. Од страна на СВР Тетово се преземаат мерки за расчистување на случајот – рече за МИА портпаролот Реџепи.

Тензиите, кои се подигнаа околу уредувањето на дворот и околината на црквата „Св. Петка“, која се наоѓа на регионалниот пат што минува низ општина Врапчиште, не се смирија ни попладнево.

Вчера жители на селото Галате, кои иницираа акција за уредување на просторот околу црквата која беше оштетена од пожар во 2001 година, се пожалија дека полицијата по налог на локалната самоуправа ги попречува во намерата и преку полициска интервенција им врши притисок.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера, постапувајќи по претходна пријава од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направен е увид на месноста наречена „топли извори“ (меѓу селата Топлица и Врапчиште) на локацијата на црквата „Света Петка“ каде што, според пријавата, се изведувале незаконски градежни работи на црквата.

– При увидот, полициските службеници разговарале со затекнатите граѓани коишто го чистеле црковниот двор и околината на самиот објект. Притоа не се одземени никакви предмети од затекнатите граѓани, ниту, пак, е извршено некакво приведување.

– За настанот е известен надлежен од ОЈО – наведува портпаролот Реџепи.

Попладнево, група граѓани ги отстрани лентите кои ги поставил градежниот инспектор и бараа прием кај градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани, но не се остварила средба.

Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека денеска (10.09.2024) во 10 часот од страна на полициски службеници од НККР Гостивар, градежен инспектор од општина Врапчиште и ангажирана геодетска фирма извршен е увид на локацијата каде што се наоѓа црквата во атарот на с. Галате. Увидот е извршен по претходно отворена пријава на 09.09.2024 од страна на инспектор за урбанизам при општина Врапчиште за бесправна градба на оваа локација, а по завршување на увидот, од страна на градежниот инспектор, местото е околчено со арматури и трака.

Вечерва Министерството за внатрешни работи изнесе соопштение во врска со настаните поврзани со црквата во село Галате, општина Врапчиште.

„Како што се наведува во соопштението од МВР, околу 15 часот од страна на лицето Д.П., во присуство на неколку граѓани, отстранети се арматурата и траката, по што групата граѓани се упатила пред општина Врапчиште каде се одржал мирен протест. Од страна на Д.П. и уште две лица, дел од траката е залепена преку влезната врата на општината, а по извесно време Д.П. со група од околу 10 луѓе влегува во објектот на општината, со цел да бидат примени од страна на градоначалникот Исен Шабани. По извесно време, градоначалникот се согласил да ги прими, но со услов разговорот да не се снима со приватни телефони. Групата граѓани одбила да го направи тоа и градоначалникот побарал да го напуштат објектот. Откако тие не го напуштиле, градоначалникот побарал од полициските службеници да го испразнат објектот, по што од страна на полициските службеници при ПС ОН Гостивар на групата граѓани им е дадена наредба да го напуштат објектот на општината, нешто кое Д.П. и уште едно лице одбиле да го направат и пружиле активен отпор на полициските службеници“, соопшти МВР.

Двете лица, како што се посочува, се приведени во просториите на ПС Гостивар и по извршен службен разговор со нив и направена консултација со јавен обвинител, се пуштени да си одат.

МВР апелира за воздржување од какви било тензии по однос на овој настан. Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии, било на јавен простор или преку социјални медиуми, ќе биде предмет на кривично-правен прогон од страна на МВР.

„Македонското општество е засновано на меѓусебна почит и толеранција, а нашите темелни уставни вредности се гарант дека никој нема право да ги користи верските прашања во дневно-политички цели. МВР во текот на утрешниот ден ќе направи средби со сите чинители кои можат да придонесат за расчистување на овој настан“, се потенцира во соопштението од МВР.

Поврзани содржини