ОБНОВЕНО Европската агенција ја одобри вакцината на Фајзер
Полското RMF FM објави дека конечната одлука за користење на вакцината на Фајзер на територијата на Европската унија ќе ја донесе Европската комисија. Таа одлука се очекува вечерва или најдоцна утре наутро.
Европското регулаторно тело ЕМА денеска препорача вакцина против ковид-19 од фармацевтските компании Фајзер и Бионтех.
ЕМА препорача Европската комисија сега да додели условно одобрение за ставање во промет на вакцината, што треба да се случи за два дена.
Дистрибуцијата на првите вакцини против ковид-19 меѓу земјите-членки на ЕУ би започнала во исто време – на 26 декември, а вакцинациите еден ден подоцна.
ЕУ потенцира дека условите за вакцинација ќе зависат од националните стратегии на земјите-членки.
Претходно, полското радио RMF FM, неофицијално јавува дека Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на Фајзер против ковид-19, пренесува хрватски Индекс.
Според истите неофицијални информации, најверојатно станува збор за условно одобрување.
Наскоро се очекува да се оддржи прес конференција на Европската агенција за лекови, на која информацијата за одобрувањето на вакцината би требало да биде потврдена, а се очекува и повеќе информации за условите под кои вакцината е одобрена.
Полското RMF FM објави дека конечната одлука за користење на вакцината на Фајзер на територијата на Европската унија ќе ја донесе Европската комисија. Таа одлука се очекува вечерва или најдоцна утре наутро.