(ОБНОВЕНО) БЕБЕ ПОЧИНАЛО НАБРЗО ПО РАЃАЊЕТО На родилката ѝ дале терапија за провокација на породувањето

4,078

Бебето кое починало вчера во Битолската болница било родено живо, а не починало во стомакот на родилката, како што првично објави порталот „Независен“ повикувајќи се на болнички извори. На трудницата ѝ била дадена таблета за да се испровоцира породувањето, по што родилката била пратена дома од дежурниот гинеколог, објави порталот.

Кога родилката се вратила во текот на ноќта на болница да раѓа веќе било доцна за бебето. Дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и по исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето, но му немало спас.






Директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски, го потврдил случајот за „Независен“ без да даде детали. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска требало да дојде во болницата за да се запознае со случајот.

Обдукцијата е во тек за да се утврдат причините за смртта на бебето.

 

БЕБЕТО БИЛО ЖИВО РОДЕНО, АМА СО ТАХИКАРДИЈА Министерот Меџити го испитува случајот во битолската болница

Поврзани содржини