ОБНОВЕНО 6.669 луѓе заболени од корона излегле живи од болниците
Најголем број смртни случаи се регистрирани на 08.04.2021 година (49), а според недела на пријавување во тек на 14. недела во 2021 година (293 случаи).
Од 11.851 лице хоспитализирано поради ковид-19, во болница починале 5.150, открива последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) кој изнесува податоци заклучно со 18 јули 2021 година.
Од случаите кои се водат како оздравени, 6.669 (4,4%) биле хоспитализирани додека останатите 143.554 (95,6%) биле на домашно лекување.
Заклучно со 18 јули, регистрирани се 5.487 смртни случаи. Најголем број смртни случаи се регистрирани на 08.04.2021 година (49), а според недела на пријавување во тек на 14. недела во 2021 година (293 случаи).
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (4.521) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.179,5/100.000 жители. Регистрирани се 3.400 смртни случаи кај лица од машки и 2.087 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 4.040 (73,6% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (3.222), дијабет (1.368) и белодробна болест (603). Регистрирани се 6 смртни случаи кај бремени жени и 30 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 337 (6,2%) починале во вонболнички услови, а 5.150 (93,8%) починале за време на хоспитализација, се наведува во извештајот.
Моментално се хоспитализирани 32 лица.