Глумицата која има 20 години го обвинува славниот француски актер Жерар Депардје дека ја силувал и нападнал во својот дом во Париз во 2018 година, поднела жалба откако обвинителите се откажале од случајот во јуни 2019 година, наведувајќи дека недостасуваат докази, пишува Гардијан.
Откако го пријавила актерот, кој пак, ги негира обвинувањата, обвинителите отвориле прелиминарна истрага кои потоа ја проследиле на колегите од Париз.
Париската истрага е отфрлена по девет месеци. Истражителите рекле дека не успеале да соберат доволно докази за формално да покренат обвинение.
Актерката потоа го повторила своето тврдење, што според францускиот закон речиси секогаш доведува до тоа случајот да го испита истражниот судија.