ОБНОВАТА НА ДВАТА СТУДЕНТСКИ ДОМА ЌЕ ЗАВРШИ ВО 2026 ГОДИНА Се менуваат инсталацијата, фасадите, начинот на затоплување и ладење
Во тек е реконструкција на два студентски дома „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“, за кои се очекува за година и половина од денеска или до 2026 година да биде завршена.
– Во тек е реконструкција на два студентски дома, проектот е вреден 17 милиони евра. Тоа се студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ и студентскиот дом „Стив Наумов“. Таму се менува комплетно инсталацијата, фасадите, арматурата, начинот на затоплување и ладење, се монтираат сончеви панели, енергетски ефикасни објекти. И навистина, за година и половина од денеска очекувам, или кон крајот, еве да речеме на 2026 година, да имаме два навистина репрезентативни објекта, во коишто студентите ќе можат да живеат, да учат, да напредуваат и да го стекнуваат и разменуваат своето знаење – рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање.