ОБНОВА НА УЛИЦАТА ФРАЊО КЛУЗ Скопје не смее да чека, ќе се работи во секој дел од градот

Во завршна фаза е изградбата на улицата Фрањо Клуз во Аеродром која е една од најзначајните сообраќајници во овој дел од градот, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Во завршна фаза е изградбата на улицата Фрањо Клуз во Аеродром која е една од најзначајните сообраќајници во овој дел од градот, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

54

Скопје не смее да чека. Скопје мора да се развива – посветено и со визија. Во завршна фаза е изградбата на улицата Фрањо Клуз во Аеродром која е една од најзначајните сообраќајници во овој дел од градот, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Се работи со полна динамика, и дење и ноќе, затоа што скопјани заслужуваат модерен, функционален и безбеден град. Она што со години било запоставувано и туркано под тепих, денес се решава темелно и одговорно. Во должина од еден километар се изведуваат нови тротоари, се поставува современо улично осветлување и се гради нова атмосферска канализација. Реконструкцијата опфаќа нов тампон, двослоен асфалт, нови рабници, а во овој момент интензивно се асфалтираат тротоарите. Секој сегмент се изведува по сите пропишани стандарди“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.






Од наредната недела, додаде тој, жителите на Аеродром ќе возат по нова, современа и безбедна улица.

„За само три месеци од преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, покажавме дека кога се работи со срце, визија и чесна намера – резултатите се очигледни. Не ветивме чуда, туку работа. И работиме.  Ова е само почеток. Следува најголемата инфраструктурна обнова досега.  Ќе се работи рамномерно, во секој дел на Скопје.
Затоа што секој заслужува исти услови, исти шанси и ист квалитет на живот“, објави градоначалникот.

Поврзани содржини