ОБНОВА НА СТАРИТЕ ФАСАДИ И НА АЗБЕСТНИТЕ ПОКРИВИ Наташа Котлар најавува голем проект во Центар

„Општината ќе субвенционира со 50%. Субвенционирана замена и на азбестните кровови. Велосипед за секој во Центар 500 субвенции годишно од по 6.000 денари. За Центар со душа“, пишува Котлар на Фејсбук.

214
 Реконструкција на фасади на постари станбени  згради, со енергетско – ефикасни фасади, најавува Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на Центар.
„Општината ќе субвенционира со 50%. Субвенционирана замена и на азбестните кровови. Велосипед за секој во Центар





500 субвенции годишно од по 6.000 денари. За Центар со душа“, пишува Котлар на Фејсбук.

Таа петодно најави дека во општина Центар ќе формира Иновативен парк за млади, ќе обезбеди простор за ваков модерен концепт, прв во Република Македонија.

„Зградата ќе биде монтажна, со модуларна инфраструктура. Овозможуваме иновативни и старт-ап компании кои работат на апликативни решенија од сите области: технологии, дизајн, продукција, агро бизнис и сл“, се вели во програмата на кандидатката за градоначалник на општина Центар.

Во првите 3 години, компаниите ќе бидат ослободени од давачки.

Целта е размена на креативни идеи, вмрежување, работа на заеднички проекти и привлекување на инвестиции. Паркот ќе се поврзе со факултетите и институтите, со цел спојување на науката и практиката преку низа на пред се, апликативни проекти.

Поврзани содржини