Обложувалниците нема да нудат пијалаци по 18 часот

Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме  – истакнуваат од АСОМ.

255

Асоцијацијата на спортски обложувалници информира дека откако Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе новите мерки за заштита од ковид-19 со кои, меѓу другото, се скрати работното време на угостителските објекти до 18 часот, согласно истите, ниту спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 18 часот.

– Во спортските обложувалници на нашите членки, почнувајќи од денес, 18 декември, по 18 часот нема да работат шанковите и нема да се послужуваат пијалаци. Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме  – истакнуваат од АСОМ и додаваат дека спортските обложувалници доследно се придржуваат до протоколите за работа и сите мерки кои досега ги донесе Владата во насока на превенција и заштита на здравјето на граѓаните.






Дополнително, АСОМ информира дека сите објекти на спортските обложувалници кои се членки на асоцијацијата, на 31 декември ќе работат до 19 часот.

Како и досега, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија апелира на одговорност и максимално почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по кој работат спортските обложувалници.

Поврзани содржини