ОБЛЕКУВАМ РОЛКА И ОДАМ НА РАБОТА На состаноците е студено, ама клима не пуштаме

Брнабиќ повтори дека се очекува зимата да биде исклучително тешка и оцени дека Србија е „најподготвена“ во однос на производството на енергија и грејната сезона.

350

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Владата во Србија во претстојната грејна сезона ќе се потруди граѓаните да имаат што е можно поквалитетно греење со што е можно порационална потрошувачка на енергија.

Таа за Телевизија Пинк изјави дека Владата ќе се обиде да ги избегне ограничувања и оти, како што додаде, грејната сезона ќе биде нормална.






Брнабиќ повтори дека се очекува зимата да биде исклучително тешка и оцени дека Србија е „најподготвена“ во однос на производството на енергија и грејната сезона.

Таа укажа и на неопходноста од штедење и додаде дека вчера била во ролка во зградата на Владата.

– Беше малку постудено, а климата не ја вклучуваме – заклучила таа.

Поврзани содржини