ОБЛАКОДЕРОТ-КОЦКА КОЈ ОДВНАТРЕ ПРОЕКТИРА ХОЛОГРАМ Мукаб во Саудиска Арабија треба да е готов до 2030 година (ВИДЕО)

А внатре во коцката? Кула, ама не стандардна туку во форма на спирала. Внатре ќе има сè како во мал град, од туристички атракции и комерцијални простори па до станбено домување. Во бројки тоа се стотици илјади жители, односно 1,8 милиони квардатни метри станбен простор, 1,4 милиони квадратни метри канцеларии, 9.000 хотелски собри, 980.000 квадратни метри малопродажен простор...

165

Замислете си коцка од 400 на 400 на 400 метри во која можете да зберете 20 облакодери од типот на Емпаер Стејт Билдинг во САД, а притоа одвнатре нејзините ѕидови да проектираат просторна снимка, или холограм, кој дава илузија дека живеете во некој друг град, па и на друга планета…

Ваков проект под името Мукаб најави престолонаследникот на принцот на Саудиска Арабија, Мохамад бин Салман бин Абдулазиз, јавува ИнтересноИнженерство. Искуството е како да бидеш потопен во нова реалност, се пишува за овој смел проект. Коцката однадвор не изгледа така бидејќи е покриена со шари кои наликуваат на арабеска иако нивната шема е повеќе триаголна.






А внатре во коцката? Кула, ама не стандардна туку во форма на спирала. Внатре ќе има сè како во мал град, од туристички атракции и комерцијални простори па до станбено домување. Во бројки тоа се стотици илјади жители, односно 1,8 милиони квардатни метри станбен простор, 1,4 милиони квадратни метри канцеларии, 9.000 хотелски собри, 980.000 квадратни метри малопродажен простор…

И да, коцката би требало со своите 400 метри да биде највисока зграда во светот. Дали ќе биде и најеколошка? Има предвидени многу зелени површини и велосипедски патеки, но уште не се знае колку оваа коцка, или овој мал град ќе биде пријателски насторен кон животната средина.

Во проектот Саудиска Визија 2030 коцката го зема централното место. Проектот го финансира Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија.

Претходно, проектот за градот НЕОМ, исто така на Саудиска Арабија беше критикуван не само поради влијанието на средината, туку и поради прекршувањето на човековите права.

Еве како изгледаше промо-видеото за тој проект за град и самиот предизвик за урбанистите.

Поврзани содржини