ОБЛАК ВИСОК 8 КИЛОМЕТРИ ГО ПОКРИ НЕБОТО НА КАМЧАТКА Вулканот Шивелуч еруптираше ноќеска
Спасувачите предупредуваат дека ако се промени правецот на ветрот, мала количина пепел може да ги засегне селата Уст-Камчатски, Карагински, Пенжински и Олуторски округ.
Вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка, кој еруптираше во текот на ноќта, исфрли облак од пепел во висина од околу 8 километри, соопшти денеска локалната канцеларија на руското Министерство за вонредни состојби.
„Пепелот се шири кон североисток, во правец на заливот Озерни, но на патот на нејзиното ширење нема населени места“, се наведува во извештајот.
Спасувачите предупредуваат дека ако се промени правецот на ветрот, мала количина пепел може да ги засегне селата Уст-Камчатски, Карагински, Пенжински и Олуторски округ.
📸 СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РАЗБУДИ ВУЛКАН ВО РУСИЈА Шивелуч исфрли лава на Камчатка