ОБЛАЦИ И ЛОКАЛЕН ДОЖД Времето нестабилно, но потопло

Попладневен дожд и променлива облачност, со температури до 15 степени и слаб до умерен северен ветер.

88

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд во попладневните часови се очекува низ земјата. Врнежите ќе бидат локални, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од -2 степени во Берово до 4 степени во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 6 до 15 степени.






Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, а попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Температурата ќе се движи од 3 до 15 степени, со слаб до умерен северен ветер.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во планинските региони се можни повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 0 до 5 степени, а дневните од 9 до 16 степени.

Во среда се очекува слично време – променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од -2 до 4 степени наутро, односно од 12 до 18 степени преку ден.

Поврзани содржини