ОБЛАЧНО СО СНЕГ ПОПЛАДНЕ Температура до 9 степени

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

242

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со локални врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 степени до 0, а максималните од -1 до 9 степени.






Од УХМР најавуваат дека во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Од среда се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури, додека дневните температури ќе бидат во пораст.

Поврзани содржини