Облачно со силен ветер и над 65 километри

Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

348

Времето денеска во западните делови од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните значително облачно, претежно со врнежи од снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието, каде на места ќе достигнува брзина и над 65 километри на час.

Дневната температура ќе се движи од 4 до 12 степени.






Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Во среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови од земјава. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Поврзани содржини