ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕН ДОЖД Температура до 14 степени
Во Скопје пак, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, позастапени во западните делови, а на повисоките планини на северозапад со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје пак, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени.
– Од утре ќе биде стабилно и суво со повисоки дневни температури, особено во сабота. Во петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најавува УХМР.