ОБЛАЧНО СО ПОПЛАДНЕВЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ Температура до 30 степени

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и електрични празнења.

96

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.






Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и електрични празнења.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.

 

Поврзани содржини