ОБЛАЧНО СО ПЕРИОДИ НА СОНЦЕ Времето ќе биде стабилно до крајот на седмицата
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Времето утре, 19 декември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе бидат во интервал од -5 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Температурите ќе бидат во интервал од -3 до 8 степени.