Облачно со магла по котлините

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

254

Времето во земјата денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините претпладне со појава на магла. Во западните делови ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.






Во Скопје претпладне облачно со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Поврзани содржини