ОБЛАЧНО СО ДОЖД Темпертурата ќе достигне до 12 степени

Во Скопје, претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

240

Времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.






Во Скопје, претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.

Следува период на стабилно и суво време, со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

За време на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, а поради послабо изразено воздушно струење по одделни котлини ќе има појава на магла.

Поврзани содржини