ОБЛАЧНО НА ЗАПАД, НА ИСТОК СОНЦЕ Локална појава на пороен дожд во попладневните часови

Најсвежо ќе биде во Маврово каде максималната температира ќе биде до 29 степени со услови за дожд и грмежи во попладневните часови.

478

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во западните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ факторот ќе биде 8 – информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. Најсвежо ќе биде во Маврово каде максималната температира ќе биде до 29 степени со услови за дожд и грмежи во попладневните часови. Вообичаено, најтопло и денеска ќе биде  во Демир Капија и Гевгелија каде се очекува дневните температури да достигнат до 38 степени.






Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Поврзани содржини