ОБЛАЧНО И ВЕТРОВИТО, ПОПЛАДНЕВО ДОЖД Температурата од 3 до максимални 18 степени

Дождот ќе биде пообилен во западните делови на земјата со 20 литри на метар квадратен на 12 часа, а веќе на северозапад тој ќе преминува во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

591

Облачно и ветровито време нè очекува денес, а до крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд во градовите и на снег на повисоките планини. Дождот ќе биде пообилен во западните делови на земјата со 20 литри на метар квадратен на 12 часа, а веќе на северозапад тој ќе преминува во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ветрот ќе биде умерен до засилен и ќе доаѓа од југ, а утринската температура ќе се движи од 3 до 8 степени. Дневните температури ќе се искачат од 13 до максимални 18 степени.






Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а попладне и до крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 16 степени.

Поврзани содржини