ОБЛАЧНО И ДЕНЕСКА Температурата ќе достигне до 10 степени
Во Скопје претежно облачно, претпладне со слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот облачноста делумно ќе се намали.
Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно, претпладне на југоистокот со локален дожд. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно, претпладне со слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот облачноста делумно ќе се намали.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени.