ОБИЛНО КРВАРЕЛ АМА УСПЕАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦА Пред да падне во кома кажал кој сакал да го убие

2,512

Посинок се обидел со нож да го убие својот очув завчера во Гевгелија. Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против него за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот зкаоник.

Осомничениот, на 12 декември, со умисла се обидел да го лиши од живот неговиот очув. Делото го сторил така што ја протнал раката преку отворениот мал прозорец од десната страна на влезната врата, ја отворил вратата од домот на очувот, влегол внатре и по кратка расправија, повеќе пати го пробол со нож.






Притоа му нанел тешки телесни повреди – две убодни рани во грбот, длабоки посекотини на левата страна на вратот, лицето и на десната шака. Оштетениот паднал на подот во дневната соба и почнал обилно да крвари. Откако осомничениот си заминал, оштетениот успеал да излезе надвор на улица, каде го затекнале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош. Пред да падне во кома поради сериозноста на повредите и да биде пренесен на Клиничкиот центар во Скопје, оштетениот успеал да го наведе осомничениот како сторител на кривичното дело.​

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Поврзани содржини