ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ ПРЕТСТАВУВААТ ПРОБЛЕМ Австралија евакуира околу 200.000 лица
Обилни дождови паѓаат на источниот брег повеќе од недела дена, меѓу државите Квинсленд и Нов Јужен Велс, каде властите наредија евакуација на околу 200.000 лица, а околу 300.000 биле повикани да бидат во готовност.
Евакуација на околу 200.000 лица поради обилни врнежи, наредија австралиските служби за вонредни ситуации. Досега, загинаа 13 лица.
Властите предупредија на обилни врнежи од дожд и силни ветрови на подрачје од 400 километри, што се протега долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи ги и предградијата на Сиднеј, најголемиот град во земјата – со пет милиони жители.
Обилни дождови паѓаат на источниот брег повеќе од недела дена, меѓу државите Квинсленд и Нов Јужен Велс, каде властите наредија евакуација на околу 200.000 лица, а околу 300.000 биле повикани да бидат во готовност.
Австралија е област што е многу погодена од климатските промени. Во земјата сè почести се сушата, шумските пожари, поплавите, како и избелување на Големиот корален гребен.