ОБИД ЗА ТРУЕЊЕ ВО БИТОЛСКИОТ ЗАТВОР Затворски службеник почувствувал чуден вкус во пијалакот
Вработен во Затворот во Битола почувствувал необичен мирис и вкус во пијалокот, полицијата го истражува случајот како потенцијално труење.
Вработен во Казнено-поправната установа Затвор Битола пријавил дека му била истурена непозната течност во пијалакот што го консумирал додека бил на работното место.
Од СВР Битола соопштија дека на 29 јули 2025 година во 18:20 часот, лице со иницијали С.Б. (36) од Битола, се јавил во полициска станица и пријавил дека додека бил на работа во затворот, во неговиот пијалок имало непозната супстанција.
Според пријавата, во моментот кога го пробал пијалокот, веднаш почувствувал силен и непријатен мирис и вкус, по што го прекинал консумирањето и алармирал надлежни.
Засега не е познато дали супстанцијата е опасна по здравјето и кој би можел да стои зад потенцијалното труење.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се работи интензивно на случајот.