ОБИД ЗА САБОТАЖА НА КРИМСКИОТ МОСТ ВО ОЧИ СРЕДБАТА ТРАМП-ЗЕЛЕНСКИ „Шевролет“ со бомба требало да извози преку мостот

Планот бил автомобилот да биде предаден на лице што ќе го вози преку мостот и ќе стане „ненамерен бомбаш-самоубиец“.

265

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) спречила обид на украинските специјални служби да предизвикаат експлозија на автомобил-бомба на Кримскиот мост, јави ТАСС. Веста доаѓа во време кога вниманието е насочено кон средбата на украинскиот претседател со американскиот колега во Вашингтон.

Во соопштението се наведува дека возило „шевролет волт“ со моќна импровизирана направа влегло во Русија преку неколку транзитни земји, а потоа ја преминало границата на контролниот пункт Верхни Ларс во Северна Осетија.






Планот бил автомобилот да биде предаден на лице што ќе го вози преку мостот и ќе стане „ненамерен бомбаш-самоубиец“.

„И покрај триковите на украинските терористи, ФСБ успеа навремено да ги открие нивните планови, да ја идентификува и деактивира експлозивната направа и да ги притвори сите оние кои учествувале во нејзината испорака на територијата на нашата земја“, пишува во соопштението.

Од безбедносната служба додаваат дека ова е втор обид за една година Киев да употреби автомобил полн со експлозив за саботажа на Кримскиот мост. На 2 април белоруските служби заплениле минибус со повеќе од половина тон синтетички експлозиви во Брест.

ФСБ информира дека уапсени се соучесниците во „однапред смисленото злосторство“, вклучувајќи го и возачот кој, според нив, не бил свесен што превезува. Против приведените е покрената кривична постапка.

Поврзани содржини