ОБИД ЗА КРАЖБА НА ИЗБОРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА Поштар не доставил гласачки ливчиња
Внатрешната истрага на Поштата покажа дека нејзиниот службеник не испратил до граѓаните 650 до 700 известувања за гласањето што се одржува во недела.
Германски поштар, кој бил задолжен за местата Богрведел и Шлезвиг, не го достави изборниот материјал до граѓаните за изборите што ќе се одржат в недела.
Криминалната полиција на Шлезвиг го пребарала неговиот стан и нашла стотици неиздадени известувања за изборите.
Внатрешната истрага на Поштата покажа дека нејзиниот службеник не испратил до граѓаните 650 до 700 известувања за гласањето што се одржува во недела.
Во меѓувреме, изборниот материјал беше проследен до граѓаните, а против поштарот беше поведена кривична постапка за повреда на поштенската тајна.