ОБИД ДА СЕ ЗАУЗДА ЦЕНАТА НА ОГРЕВНОТО ДРВО И ПЕЛЕТИТЕ Владата ја ограничи трговската маржа на овие стоки на 10 отсто

Ограничувањето ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир во трговијата на мало – појасни министерот Бектеши.

144

Маржата за огревно дрво и пелети се ограничува на 10 отсто, одлучи Владата на денешната седница на предлог на Министерството за економија, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

– Владата донесе одлука за определување на највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Согласно Одлуката највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10 отсто. Ограничувањето ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа – појасни Бектеши.






Причината за ограничување на трговската маржа, додаде Бектеши, се заснова на усогласување на разликите во цените кои сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.

Поврзани содржини