Обичната маска штити 70 отсто од коронавирус, а дури 90 отсто ако ја додадете оваа ткаенина која сигурно ја имате дома ФОТО
Заштитната маска за лице може да го намали ширењето на коронавирусот помеѓу луѓето, не дозволувајќи им на респираторните капки да допрат до нашите дишни органи. Меѓутоа, доколку додадете едно парче ткаенина можете да постигнете уште подобра заштита, докажала една студија.
Истражувачите од американскиот универзитет Нортистерн од Бостон утврдиле дека тенките најлонски чорапи кои се ставаат преку маската можат да филтрираат поголем број честички на аеросоли кои се наоѓаат во воздухот.
– Најлонските чорапи лесно се прилагодуваат на обликот на лицето, а со помош на еластинот се прицврстуваат за рабовите на маската, кои често се многу лабави – реклаЛорета Фернандез, доцент по градежно и еколошко инженерство на универзитетот и еден од авторите на студијата.
Во рамки на студијата, истражувачите одредиле кој е процентот на филтрирање на честичките кај десет различни маски, направени од меки ткаенини. Сите биле со различен дизајн, со слоеви од филтри и без нив, а три модели биле комерцијални хируршки маски.
Тие користеле инструмент наречен „PortaCount“ за да измерат колку добро маските ги филтрираат честичките во распон од 20 до 1.000 нанометри. На пример, SARS-CoV-2 има пречник од околу 60 до 140 нанометри.
Во текот на тестирањето на хируршките маски, истражувачите утврдиле дека без дополнителен слој, маската блокирала 75 отсто од ситните честички. Меѓутоа, со додавањето на најлонските чорапи биле блокирани околу 90 отсто ситни честички.
– Доколку ставите дополнителен слој најлонски чорапи кои цврсто ја држат маската на лицето, ќе ја подобрите функцијата на било кој модел на заштитна маска. За ефикасноста на маската не е важно каков материјал се користи, туку колку добро маската е притисната за лицето. Воздухот не смее да продира околу маската – рекла Фернандез.
Што се однесува до шиените маски, кога се носат со најлонски чорапи нивната ефикасност се подобрува за 15 до 50 отсто, откриваат истражувачите. Ако се носат самостојно, овие маски блокираат 30 отсто помалку честички.
За да додадат заштитен слој, истражувачите исекле круг со висина од 20 до 25 сантиметри од најлонските чорапи, а потоа го прицврстиле за заштитната маска.
За потсетување, неодамна научниците открија дека шиените маски направени од памук во комбинација со природна свила или шифон овозможуваат најдобра заштита од коронавирусот.
– Еден слој цврсто ткаено памучно платно во комбинација со два слоја шифон може да филтрираат огромна количина аеросолни честички во воздухот – рекол професорот Супратик Гуа од Универзитетот во Чикаго.
Цврсто ткаените ткаенини, како што е памукот, делуваат како механичка бариера која оневозможува продирање на честичките. Ткаенините со статички полнеж, како што се одредени видови шифон и природна свила, служат како електростатична бариера. Ова објаснува зошто тие толку добро функционираат во комбинација, објасни тим на научници.
FOTO: Loretta Fernandez