ОБЕЗБЕДУВАЧОТ НА МИЦКОСКИ ДОБИ УСЛОВНА КАЗНА ОД 1,5 ГОДИНА На судењето се изјасни за виновен

На Р.Р. му е изречена условна казна затвор од една година и шест месеци, која нема да се изврши доколку во наредните три години не стори друго кривично дело.

116

Основниот кривичен суд Скопје му изрече условна казна на полицискиот службеник Р. Р., кој беше дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, откако го прогласи за виновен за извршено семејно насилство врз сопругата.

Како што информираа од Основниот кривичен суд Скопје, откако на последното рочиште обвинетиот признал вина, во вторникот му е изречена условна казна затвор од една година и шест месеци, која нема да се изврши доколку во наредните три години не стори друго кривично дело.






Полицискиот службеник Р. Р. се гонеше за кривичното дело телесна повреда. Настанот се случи на 2 мај, а шест дена подоцна Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), поднесе обвинителен предлог, а за него беше побаран и одобрен притвор.

Според обвинението, обвинетиот по вербална расправија во семејниот дом почнал да ја удира својата сопруга по лицето и главата, а потоа се обидел и да ја дави фаќајќи ја за вратот. Жртвата, за да се спаси, прво се засолнила во тоалетот, а кога сакала да излезе од станот, обвинетиот ѝ го одзел и го оштетил мобилниот телефон. Жената, заедно со ќерката, потоа побарала помош кај сосетката, која ги примила во својот дом.

Поврзани содржини