ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА НИКОБ СПРЕЧИ ИНЦИДЕНТ ПРИ ГРАБЕЖОТ Екипите стасале во банката за една минута

Патролниот работник на Никоб ги забележал вооружените крадци како се дале во бегство, но откако се обидел да тргне по нив, кон него било пукано.

1,944

Благодарение на брзината и професионалноста на Никоб обезбедување им се расипал планот на крадците кои вчера се обидоа да ја ограбат експозитурата на Уни Банка во Капиштец.

Преку специјалниот сигурносен систем за набљудување и алармирање, обезбедувањето на Никоб во банката ги алармирало мобилните патроли на Никоб кои пристигнале за една минута по што биле преземени оперативно безбедносни мерки. Патролниот работник на Никоб ги забележал вооружените крадци како се дале во бегство, но откако се обидел да тргне по нив, кон него било пукано.






По размена на информации меѓу Никоб и МВР брзо се расветли овој настан и беа приведени двајца од тројцата сторители.

Поврзани содржини