ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ГАШИ Е СО ЛЕСНИ ПОВРЕДИ Спикерот ги посетил полицајците во болницата „Свети Еразмо“

Тројца членови на тимот се здобија со полесни телесни повреди во денешната сообраќајна несреќа во која беа како претховдница на Гаши и моментно се во стабилна состојба.

314

Попладнево  сообраќајна незгода се случи на возило во кое се наоѓаа обезбедувањето на претседателот Африм Гаши, кои патуваа како претходница за посетата на претседателот Гаши во Охрид.

„Информираме дека сите тројца членови на тимот се здобија со полесни телесни повреди и моментно се во стабилна состојба. На нив им е укажана лекарска помош и се наоѓаат во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. По пристигнувањето во Охрид, претседателот Африм Гаши се упати кон болницата и лично се увери за здравствената состојба на членовите на обезбедувањето. Сообраќајните несреќи, особено во предизвикувачки временски услови и услови на патиштата, се несреќна реалност“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Гаши.






Оттаму се наведува дека безбедноста останува главен приоритет и дека се благодарни за брзата реакција на службите за итни случаи и на лекарскиот тим.

Поврзани содржини