ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ЈА СПРЕЧИЛО ЏЕЈ ЛО ДА ВЛЕЗЕ ВО БУТИКОТ НА ШАНЕЛ Ѕвездата потрошила десетици илјади долари во продавниците на Селин и Бејмен
Без разлика на нејзината светска слава, Џенифер Лопез била спречена да влезе во бутикот на Шанел во луксузниот трговски центар Истиње Парк во Истанбул, од страна на еден од чуварите од обезбедувањето, кој најверојатно не ја препознал ѕвездата
Дента пред нејзиниот концерт на фестивалот во Истанбул (5 август), Џенифер Лопез го посетила луксузниот трговски центар Истиње Парк (Istinye Park) и се обидела да влезе во бутикот на Шанел. Без разлика на нејзината светска слава, еден од чуварите од обезбедувањето, според локалните медиуми, ѝ рекол дека продавницата е „полна“, најверојатно, бидејќи не ја препознал ѕвездата.
Лопез реагирала смирено: „OK, no problem“ и само се оддалечила, без никаква сцена или драматично однесување.
Подоцна, кога персоналот сфатил кој е пред влезот, ја поканиле повторно да ја посети продавницата, но таа учтиво ги одбила.
Наместо во Шанел, Џеј Ло се упатила кон соседните бутици на Celine и Beymen, каде што поминала речиси три часа и потрошила десетици илјади долари — вистинска модна „одмазда“ со стил.
Концертот на фестивал во Истанбул е дел од нејзина летна турнеја „Up All Night: Live in 2025“, која започна на 8 јули во Вига, Шпанија, а се очекува да заврши на 10 август, кога ќе настапи во Алмати, Казахстан.