ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ 29,9 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА АВТОПАТОТ ОД КОРИДОРОТ 10 Вкупно 13,5 милиони евра од нив се грант на Светска банка

Проценетата инвестициска вредност на оваа компонента е 29,9 милиони евра од кои 13,56 милиони евра се грант за кои е потпишан Договорот и 16,4 милиони евра се дел од заемот од Светска банка.

71

Земјава доби грант од 13,5 милиони евра од Светска банка за воведување интелигентен транспортен систем (ITS) на Коридорот 10, од граничниот премин Табановце до јужната клучка Велес,  што вклучува и поддршка за воспоставување и опремување на национален центар за управување со сообраќајот со потребните ITS системски решенија за Коридорот 8 и Коридорот 10, вклучително и за кракот 10д.

Активностите се реализираат во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, чија вкупна вредност е 26,2 милиона евра. Проценетата инвестициска вредност на оваа компонента е 29,9 милиони евра од кои 13,56 милиони евра се грант за кои е потпишан Договорот и 16,4 милиони евра се дел од заемот од Светска банка.






Проектот го имплементира Министерството за транспорт.

Договорот за грант го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорката на Светска банка за РС Македонија Карол Межеван.

Проектот предвидува воспоставување систем за собирање податоци за протокот на сообраќај; систем за следење на тежината во движење (WIM); елементи за контрола на висината на возилата што пристапуваат до автопат; систем за собирање податоци за временските услови на трасата на автопатот и систем за следење на транспортот на опасни материи (HAZMAT).

– Ова е една од компонентите од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан чија крајна цел е зголемена ефикасност на транспортот во РС Македонија и во регионот. Тоа е особено важно во унапредувањето на патната инфраструктура, што како Влада ни претставува значаен приоритет, а самиот Проект ќе овозможи олеснување на трговијата и намалување на трошоците на економските субјекти – рече Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека Владата работи на полето на подобрување на економските услови во целина, а сѐ со цел постигнување позабрзан економски раст.

-Инвестирањето во модерна патна инфраструктура и транзитни коридори е од витално значење за растот на Северна Македонија, поточно за зајакнување на вредносните синџири, отворање пазари, намалување на трошоците за бизнис и привлекување странски инвестиции. Овие подобрувања ќе ѝ помогнат на земјата и во создавањето работни места и во градењето конкурентна, отпорна економија. Оваа иницијатива е клучна за реформите за пристапување на земјата во ЕУ и е во согласност со законодавството на ЕУ и Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на Западен Балкан – рече Карол Межеван.

 

Поврзани содржини