Изборните резултати и тесната разлика меѓу политичките партии зборуваат за демократско созреано општество. Но, колку овие изборни резултати можат да создадат функционална влада? Бидејќи, освоените пратенички места, во која била комбинација, укажуват дека кој и да формира влада, ќе има бледо мнозинство во парламентот.
Иако има многу комбинаторики, според исходот од изборите, но и поради недовршените работи во земјата во планот на евроинтеграците, се очекува влада да формира СДСМ со ДУИ, или евентуално со пратениците на Алијансата на Албанците, Алтернатива, Левица и ДПА. Првата опција, иако со бледо мнозинство, е постабилна, додека втората комбинација, со фиксни 61 пратеник, ќе биде на стаклени нозе, бидејќи ќе зависи од волјата на само еден пратеник, во случајот Мендух Тачи или еден од двајцата пратеници на Левица.
Во случај на формирање влада меѓу СДСМ и ДУИ со едно солидно мнозистство, практицирањто на власта ќе биде полесно изведено и реализирано. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, по последната одлука на Централниот комитет со која на Мицкоски му е дадени зелено светло да преговара за формирање на нова влада, без ДУИ не може да дојде до бројката од 61 пратеник.
Во наредниот период „Седиштето на Обединетите нациии“ во Мала Речица, т.е. ДУИ, Сината палата на Бихаќка и Белата палата на Мицкоски ќе бидат епицентрите на „политичкиот земјотрес” за да изнудат престој на Илинденска бб. Освен идејата на ДУИ за прв албански премиер, пред идните владини факторина маса ќе бидат и многу други жешки теми, на кои мора да им се врзе „главата” во периодот што претстои.
Отаварањето на поглавајата од преговорите со ЕУ, политички монитараните случаи од прогласување на независноста на Македонија до режимот на Груевски, уставните измени, Изборниот законик, пропорционалната распределба на буџетот – тоа се прашањата кои се очекува да бидат на масата пред идните владини парнери. Освен ова, силно ќе се преговара и за министерски и за директорски места, за ресороте финансии, внатрешни работи, надворешни работи, правда, екомонија, здравство, но и за Царинската управа, за УЈП и за други институции. Тоа ќе бидат фотелјите за кои ќе се потат лидерите за време на преговорите за идната влада.
И за крај, за идејата на ДУИ за прв премиер Албанец. За да не биде дека ДУИ туку-така ја лансира идејата, ќе се разговара за опцијата 2-2 или 1-3, што значи премиер со ротација две односно една година. Солидна идеја, која ќе биде модел за шаренилото на нашето општество и која ќе ги зајакне уште повеќе нашите општествени капацитети, со сите културулошки, иделошки и други различности. Идеја која ќе ја потврди и определбата на нашето општество и држава, како европска и демократска творба.
Но, додека чекаме да помине празникот Илиден, за палатата на Илинденска бб се калкулитра наголемо. Сите се со калкулаторите в раце. Ќе се види кому домашниот есап ќе му излезе на пазар.