ОБДУКЦИЈА ЗА ТЕТОВЕЦ На вратот имал гребаници
По увидот јавниот обвинител наредил да има обдукција врз телото на 77-годишниот починат човек за да се утврдат точните причини за смртта, информираат денеска од СВР Тетово.
Лекар од Итна помош поради гребаници на вратот кај починат маж, смртниот случај вчера го пријавил во тетовската полиција. По увидот јавниот обвинител наредил да има обдукција врз телото на 77-годишниот починат човек за да се утврдат точните причини за смртта, информираат денеска од СВР Тетово.
Во 15:22 часот во СВР Тетово од лекар од Итна медицинска помош при Клиничката болница Тетово е пријавено дека на улицата Маршал Тито во Тетово Н.В. пријавил дека неговиот татко Б.В.(77) бил во лоша здравствена состојба.
-Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт, при што биле забележани гребаници во пределот на вратот. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа од СВР Тетово. Исто така, констатирано е дека при расправија и физичка пресметка со неговата сопруга П.В.(76), Б.В. починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.