ОБАМЕЈАНГ Е НАЈДОБАР ИГРАЧ НА ЕВРОПА ЗА СЕЗОНАТА „Хет трикот“ против Ајакс одигра улога во пласманот

Обамејанг одигра голема улога за пласманот во полуфиналето на турнирот со своите 10 гола. Меѓу нив беше и неговиот „хет-трик“ против Ајакс во 5. коло од групната фаза.

316

Триесет и четири-годишниот напаѓач на Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг е прогласен за најдобар играч во Лигата на Европа за сезоната 2023/2024.

Обамејанг одигра голема улога за пласманот во полуфиналето на турнирот со своите 10 гола. Меѓу нив беше и неговиот „хет-трик“ против Ајакс во 5. коло од групната фаза.






Тоа е утеха за тимот од Марсеј кој беше променлив оваа сезона и заврши на осмото место во француската Лига 1.

Инаку, тимот на Аталанта триумфираше во Лига Европа, со што го приреди големото изненадување и ја прекина серијата без пораз на екипата на Баер Леверкузен.

Поврзани содржини