Обама му помогна на Бајден да собере 7,6 милиони долари за предизборната кампања

206

Поранешниот американски претседател Барак Обама му помогна на демократскиот кандидат за шеф на државата Џо Бајден да собере донации од 7,6 милиони долари од над 175.000 лица.

– Нема човек, во кого верувам повеќе, дека е способен да ја излекува оваа земја и да ја врати на вистинскиот пат, од мојот пријател Џо Бајден – изјави Обама на виртуелниот настан за собирање средства за кампањата на демократот Бајден за претстојните претседателски избори во ноември.






Тоа беше тест за способноста на Обама да ја искористи својата популарност и да му помогне на неговиот некогашен потпретседател. Додека беше во Белата куќа, Обама на моменти се соочи со проблеми да им помогне на демократските кандидати и ја изгуби контролата врз Претставничкиот дом во 2010 година и Сенатот во 2014 година.

Но во овој момент демократите сметаат дека популарноста на Обама, особено меѓу црномурестите и младите, може да му помогне на Бајден.

Поврзани содржини