Обама ја згрози јавноста, планира забава со стотици гости додека земјата се бори со ковид-19 (ВИДЕО)

Поранешниот претседател планира голема прослава на имотот на островот Марта Винјард јужно од Кејп Код во Масачусетс, а тоа предизвика загриженост во јавноста поради можното ширење на вирусот ковид-19.

563

Информациите дека поранешниот американски претседател Барак Обама, кој оваа недела ќе го прослави својот 60. роденден, планира голема забава со стотици гости, предизвика критики во американските медиуми.

Според извештаите, поранешниот претседател планира голема прослава на имотот на островот Марта Винјард јужно од Кејп Код во Масачусетс, а тоа предизвика загриженост во јавноста поради можното ширење на вирусот ковид-19.






Новинар на брифинг во Белата куќа во понеделникот праша дали Обама, со своите планови да организира ваков голем собир, дава погрешен пример дека ковид-19 не е опасна болест.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки посочи дека планираната забава ќе биде „умерена и на отворено“.

Покрај тоа, таа додаде дека ќе има барања за тестирање, како и други мерки, но таа не навлезе во детали.

– Дефинитивно би ве упатила на тимот што работи за мојот поранешен шеф за да ви даде повеќе детали за протоколите – додаде Псаки.

Таа, исто така, напомена дека поранешниот претседател е „одличен поборник за вакцинација“.

Обама во среда ќе наполни 60 години.

Според „AXIOS“, од сите гости на забавата било побарано да се вакцинираат.

Наводно, поканетите треба да достават негативни резултати од тестот за вирусот ковид-19 до координаторот пред настанот.

Поврзани содржини