Објавува ли Бучковски лов на вештерки во Македонија?
Ова личи на лудилото на Груевски - тогаш беа жолти комбиња, соросоиди, странски служби, платеници и што уште не. Сега на овие им пречи секој шо се противи на овие политики на асимилација.
„Некој се обидува да ја наелектризира состојбата во Македонија“ – Бучковски.
Со ова почнува лов на вештерки. Кој е некој? На прво то би требало да е ВМРО ко виновник. Според масовноста на протестите на ВМРО, Мицкоски не е способен да собери луѓе за оро да води, не опозиција. Има многу причини за то, главните се криминалните структури во партијата со кои не расчисти тој, а ни СДСМ (да се потсетиме на претседателските избори, кога меѓу двата круга, откако најави бојкот, Антикорупциска почна истрага за него и откако учествуваа и дадоа цензус, толку беше).
Гневот е многу поголем и од ВМРО и од СДСМ. И е поголем од само Македонците, затоа што и многу од Албанците, Власите, Ромите, Бошњаците, Турците, Србите, кои ја чувствуваат Македонија за свој дом, се солидарни и се противат на оваа ревизија на историјата. И на уништувањето на антифашистичките темели на државата за која се бореа сите народи овде.
Па кој е тој некој ко така?
Ова личи на лудилото на Груевски – тогаш беа жолти комбиња, соросоиди, странски служби, платеници и што уште не. Тој некој е секој – јас, ти, секој шо се противи на овие политики на асимилација. Некој е доволно апстрактен поим за да може кој и да сакаат да го направат непријател на напредокот да е во таа категорија. Само што овој пат тој некој е многуброен. Од сите партии, народи и идеолошки погледи.
Власта, свесно или не, влегува во едни матни води од не така далечното минато, когс лидерот не можеше да џгреши. Без пардон се бранат ставовите наЗаев за бришење на историјата, од нивните фарми за ботови, одцмедиумите блиски до нив, од нивнитњ експерти. Изгледа ништо не научија од таа историја, дека таквиот став е рецепт за пропаст.
И на крајот, благодарност до Бугарија (не народот, верувам дека со просечен Бугарин делиме исти маки – сиромаштија, загадување, иселување, корупција) и до владата што направија толку за да го сплотат македонското општество како никогаш досега. Нема да поминат големобугарските идеи овде ама сплотеноста ќе се памти и ќе остане.
(ФБ статус на авторот)