ОБЈАВЕНО ПОСЛЕДНОТО ВИДЕО ОД МАРИНКО РОКВИЌ На настапот пеел со синовите

Пејачот на последниот настап пеел со синовите Никола и Марко, а глетката многумина разнежни и растажи.

1,272

Легендарниот српски пејач Маринко Роквиќ почина на 68-годишна возраст во својот дом во Кошутњак по една година борба со тешка болест.

Ненадејната вест за смртта на пејачот на фолк-музика погоди многумина во целиот регион, а сега се појави и снимка од неговиот последен настап.






Имено, пејачот на последниот настап пеел со синовите Никола и Марко, а глетката многумина разнежни и растажи.

Да потсетиме, Маринко неодамна бил хоспитализиран поради влошената здравствена состојба.

Роквиќ ја почна кариерата во 1974 година, а низ годините сними 21 студиски албум. На јавноста ѝ е познат по бројните негови севдалинки кои станаа безвременски хитови.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини