За лидерот на ДУИ Али Ахмети е објавен биографски спот по повод добивањето на титулата почесен доктор на науки од Тетовскиот универзитет. Ахмети на фејбук го објави спотот и им се заблагодари на авторите на видеото. Видеото е резиме за активноста на претседателот на ДУИ, од 1981 година до денес.
– Ви благодарам за ова кратко уметничко резиме на повеќедецениската активност – напиша Ахмети на Фејсбук.
Тука може да го погледнете видеото.