Објавени одлични вести за сите кои ја примиле вакцината „АстраЗенека“
Одговорот на втората доза е одличен, дури 10 месеци по првата - рече професорот Ендру Полард, раководител на одделот за тестирање на вакцини.
Заштитата што ја дава вакцината „АстраЗенека“ против ковид-19 не е помала дури и ако временскиот интервал помеѓу првата и втората доза е значително подолг, покажа новата студија.
Имунолошкиот одговор е подеднакво силен, а во некои случаи и подобар, кога интервалот помеѓу првата и втората доза е 45 недели, во споредба со стандардниот интервал, според научниците од Универзитетот во Оксфорд, кои ја развија вакцината заедно со британско-шведската фармацевтска компанија.
– Одговорот на втората доза е одличен, дури 10 месеци по првата – рече професорот Ендру Полард, раководител на одделот за тестирање на вакцини. Истражувањето сè уште не е рацензирано.
Истражувачите исто така го следеле влијанието на третата доза на вакцина „АстраЗенека“ примена најмалку шест месеци по втората.
Тие забележаа значително посилен имунолошки одговор и подобра заштита од варијантите на коронавирусот кои циркулираат во овој момент.