Објавени нови „бомби“ за Јанушев и за Јанакиески

1,730

Нови две аудио снимки утрото се појавија на Јутјуб каналот „Обнова на РЕЖИМОТ“. Како и вчера, станува збор за телефонски разговори на актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во третата изборна единица, Игор Јанушев и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Во првиот разговор, Јанушев и Јанакиески разговараат за тоа каде треба да бидат однесени лаптопи, и се споменува лице со име Даниела, како и во вчерашните разговори. Најверојатно разговорот е снимен во ден кога се гласало, бидејќи Јанушев во еден дел кажува дека и тој гласал и дека не може се врати во Скопје зашто врне.






Во втората „бомба“ истите соговорници зборуваат за список за вработени во Телеком кој Јанушев го пратил кај Жарко Луковски, поранешен директор на Телеком.

Поврзани содржини