Објавени имиња на одбојкарки позитивни на ковид-19, кривична за тие што го шират списокот

656

Андон Василев од одбојкарскиот клуб „Виктори Волеј“ од Струмица ќе бара одговорност од лицето што креирало листа со имиња на одбојкарки кои се позитивни на ковид-19.

Од синоќа на социјалните мрежи се споделува список со околу 20-тина имиња и презимиња на девојки дека се новозаболени од коронавирус во Струмица.






Според Василев, две малолетни девојки од клубот од пред десетина дена се позитивни на вирусот, а нивната здравствена состојба е добра. На сите други им привршува периодот за самоизолација.

Од клубот најавија кривична пријава против креаторот и споделувачите на списокот, бидејќи како што вели Василев, нарушен е угледот на девојките и на клубот кој се натпреварува во Првата лига.

Поврзани содржини