Хрватската полиција објави снимка од нападот кој во понеделникот се случи на плоштадот Свети Марко во Загреб, за кој постојат сомнежи дека бил насочен кон премиерот Андреј Пленковиќ.
Како што пренесува „Вечерњи.хр“, директорот на полицијата Никола Милина и државниот обвинител од округот Загреб, Јурица Илиќ, денеска на прес-конференција зборувале за истрагата за кривичното дело, повеќекратен обид за убиство со елементи на тероризам.
Во нападот, 22-годишно момче рани полицаец пред владата и изврши самоубиство.