ОБЈАВЕНА ПОСЛЕДНАТА ПОРАКА НА МАСИМО САВИЌ ДО ПУБЛИКАТА Кажана три дена пред да почине (ФОТО)

На официјалниот инстаграм-профил на неодамна починатиот хрватски музичар Масимо Савиќ, објавена е пораката што тој ѝ ја оставил на својата публика.

351

На официјалниот инстаграм-профил на неодамна починатиот хрватски музичар Масимо Савиќ, објавена е пораката што тој ѝ ја оставил на својата публика.

Како што се наведува во објавата, Масимо ја снимил пораката само три дена пред да почине од последиците од тешката болест.






 

„Уживајте во секој момент што ви го носи овој прекрасен живот и споделете добро со сите, споделете разбирање со сите“, порачал Масимо.

Во објавата на Инстаграм е наведено:

„Тие мисли се дел од последната порака до публиката снимена од нашиот Макс, три дена пред неговото заминување. Сакаше да ви го честита Божиќ и да ви испрати на сите вас најдобри желби за новата година. Твоите мисли, твоите зборови и твојот Глас. Сѐ твое неизмерно ни недостасува, наш најмил Макс. На ФБ споделивме линк до емисијата „Mјузик паб“ на Златко Туркаљ наречена „In memoriam Massimo Savić“, во рамките на која што можете да ја слушнете таа порака“, е наведено на Инстаграм.

Масимо Савиќ почина на 23 декември на 61 година.

Снимката од емисијата можете да ја слушнете на овој линк.

 

Поврзани содржини