ОБЈАВЕНА ХИМНАТА ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР Песната ќе влезе во историјата (ВИДЕО)

На официјалниот јутјуб-канал на ФИФА објавена е химната на Светското првенство во фудбал наречена „Tukoh Taka“ во изведба на американската раперка Ники Минаж, либанската пејачка и актерка Миријам Ферс и колумбискиот пејач Малума.

2,723

На официјалниот јутјуб-канал на ФИФА објавена е химната на Светското првенство во фудбал под назив „Tukoh Taka“ во изведба на американската раперка Ники Минаж, либанската пејачка и актерка Миријам Ферс и колумбискиот пејач Малума.

Оваа песна влезе во историјата бидејќи за првпат во историјата на првенствата е отпеана на три јазици: англиски, арапски и шпански.






Песната е многу ритмичка, што е и очекувано кога станува збор за вакви настани, па акцентот за нијанси е на музиката, наместо на текстот, но како што напиша „Билборд“:

„Оваа соработка е совршен спој на талентите на Ники Минаж, Малума и Миријам Ферс. Песната зборува за обединување на обожавателите ширум светот и славење на различностите.

Инаку, Миријам е либанска пејачка и актерка која е многу популарна во арапските земји.

Малума е колумбиски пејач, актер и текстописец од Медељин кој е многу популарен во латинските земји. Роден е како Хуан Луис Лондоно Аријас, а многумина го знаат по песните „La Curiosidad“, „Carnaval“, „Marinero“, „La Temperatura“, а му помогна и на Елвис Креспо кој ја изведе песната „Olé Brazil“ на Светското првенство во Бразил 2014 година.

Секако, тука е и Ники Минаж, американска раперка чие вистинско име е Оника Тања Мараж Пети, по потекло од Тринидад. Таа пред некој ден освои награда на Ем-ти-ви EMA, а најпознат хит ѝ е „Аnaconda“.

 

 

Поврзани содржини